НИСКИ ПЛАТИ, ЛОШИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА НО СЕПАК МОТИВИРАНИ ДА ПОМОГНАТ

Во деновиве кои изминаа најчесто во 90% од медиумскиот простор се присутни лекарите, Велес365 разговараше со  Ангел Драскачев медицински техничар кој со вас ќе ја сподели приказната за останатиот медицински персонал покрај лекарите кој исто така има важна улога во овој и секој здравствен предизвик
 
Со какви предизвици се соочувате секојдневно?
 
Драскачев: Во нашата професија секој ден е предизвик. Немораше да дојде Covid19 за да кажеме дека се соочуваме со предизвици. Во нашите кругови има една изрека: Секогаш треба да го очекуваш најлошото! Додека работев на хируршкото одделение, предизвиците беа најчесто: сообраќајки, тепачки, трауми, несреќни случаи кои доста често завршуваа и со смрт.
 
Сега кога сум на интерното одделение, имам релативно поширок обем на проблематики со кои секојдневно се соочувам, бидејки сите знаеме дека интерната медицина е столбот на медицината и истата ги опфаќа сите органски системи во чековото тело. Проблематиките се од типот на: инфаркти, едеми, пациенти со карциноми, бубрежни заболувања, токсикози итн.
 
Ниски плати, лоши услови за работа во споредба со европските земји. Што ве држи мотивирани да останете тука?
 
Драскачев: Интересно прашање. Многупати сум размислувал да продолжам некаде надвор од Република Македонија. Меѓутоа најлесно е да си заминеш, сега дотолку повеќе полесно од било кога. Времето е такво да сите сме во лов на пари. Факт е дека платите се ниски. Факт е дека условите за работа се лоши. Но она што ме задржува тука е пред се желбата да се избориме за подобро. Доколку си заминеме сите, тогаш што би промениле така и каков пример би оставиле за нашите деца?
 
Друго нешто што ме задржува тука е и желбата да се успее во сопствената држава. Доста често слушаме дека тука успех нема. Но, јас сеуште верувам дека со напорна работа, труд, посветеност и едукација.
 
Друго нешто што ме држи мотивиран да останам тука се моите пријатели, но и семејството.

Преостанатиот дел од интервјуто можете да го прочитате тука.

Дел од интервјуто е превземено од veles365.com.
 







Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

 

 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести