ХУМАНОСТА Е ЛЕКОТ КОЈ ГО МЕНУВА СВЕТОТ НА ПОДОБРО

„Тие се првиот и честопати последниот допир за некого. Тие не бараат пофалби и не чекаат признанија. Непоколебливо и покрај се продолжуваат со својата неверојатна работа. Внесуваат нов живот во нашиот свет. Со својата работа демонстрираат една и единствена вистина, дека и покрај сите лекови и напредок на модерната медицина, човечкиот допир и акт на љубезност се лекот кој ги менува животите. Таквата промена го менува и светот на подобро.“ - е дел од најавата со која редакцијата на МРТВ даде допринос кон истакнување на големата улога која ја има сестринската фела во целокупниот здравствен систем.

По повод 7ми Април - Денот на здравјето во Утринската програма на МРТВ гостуваше сестра Горданка Бешлиовска која воедно е и претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“.


Ве потсетуваме дека за прв пат во историјата светот се обединува во одбележување на придобивките што медицинските сестри ги носат за здравјето на глобалното население. Светската здравствена организација ја прогласи 2020 година за ГОДИНА НА СЕСТРИНСТВОТО.



 
 







Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести