ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО Е ПАД НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?

Почитувани граѓани, пациенти... дали знаете што е пад на здравствениот систем и зошто здравствените работници ве замолуваат да останете дома? Зошто е навистина важно да бидеме одговорни кон зачувувањето на јавното здравје?

- Што ако некому е потребна итна хируршка интервенција, но во меѓувреме хирургот е заразен од некој кој воопшто не ја почитувал изолацијата па така сега и тој е во изолација?!

- Што ако некој имал инфаркт, но кардиологот е заразен и не може да му помогне?!

- Што ако некој ја губи функцијата за дишење а сестрата која може да му помогне е заразена?!

Тоа е всушност главната опасност! Респираторот е само апарат, но со него треба да ракува човек... кој треба да остане здрав. Апелираме да се придржувате до превентивните мерки бидејќи нашето здравје значи и ваше здравје!


 







Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

Пребарување

Категории

Актуелно

ДОНЕСЕНА РЕЗОЛУЦИЈА НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
10.4.2025
Почитувани, во Домот на АРМ во Скопје, на 5ти април 2025 година, со почеток во 13 часот, се одржа Првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа на тема: ПАТОТ ЗА АВТОНОМИЈА НА СЕСТРИНСТВОТО – историски настан кој ја обедини стручната заедница од регионот и Европа.
Види детали

Тагови

Архива на вести