МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

По тринаесети пат денеска, се одбележува Светскиот ден на аутизмот. Датумот 2 април е избран во 2007 година од Генералното собрание на Обединетите нации, за да се сврти светското внимание кон аутизмот како глобален здравствен проблем во подем.

Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој, кое го имаат десетици милиони луѓе низ светот, а кое кај мажите се јавува четирипати почесто отколку кај жените. Родителите на децата со аутизам најчесто ги забележуваат знаците во првите две години по раѓањето.

Секоја година на 2 април се организираат настани и активности кои целат да ја подигнат свеста на јавноста за аутизмот, да информираат за важноста на раната дијагноза и на раната интервенција и да помогнат во собирањето средства за потпомагање на лицата со аутизам.

Пребарување

Категории

Актуелно

ДОНЕСЕНА РЕЗОЛУЦИЈА НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
10.4.2025
Почитувани, во Домот на АРМ во Скопје, на 5ти април 2025 година, со почеток во 13 часот, се одржа Првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа на тема: ПАТОТ ЗА АВТОНОМИЈА НА СЕСТРИНСТВОТО – историски настан кој ја обедини стручната заедница од регионот и Европа.
Види детали

Тагови

Архива на вести