Драги пријатели, во природата на нас медицинските сестри ни е секогаш да сме позитивни и насмеани. Особено колегијално, меѓу нас. Работната средина понекогаш не доведува до конфлитни ситуации, но секогаш брзо надминуваме и сме насмеани и весели. Таа смеа понекогаш можеби е и многу гласна. Но, токму таа смеа значи ЖИВОТ!
Драги пријатели, Ве замолуваме не ни ја крадете насмевката, останете дома.
Пред нас се уште многу прослави и веселби на кои сакаме да присуствуваме и да сме сите на број.
Ве молиме не ни ја земајте насмевката. ОСТАНЕТЕ ДОМА!
Унија на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС
НОВИ ПРЕВЕНТНИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУС
На 26-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.
Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.
Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.
Владата на вечерашната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден.
Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.
Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми