РЕАКЦИЈА: ПОДОБРО ЈАВНО ЗДРАВСТВО БЕЗ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ?!

„Вложуваме во подобро јавно здравство. Целта е да обезбедиме подобри здравствени услуги.“ – Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“ ги прашува надлежните институции како ќе се подобрат здравствените услуги без да се овозможат правата на медицинските сестри?!
Од Министерството за финансии велат дека буџетот за 2019 предвидува за 10% повисоки плати за лекарите специјалисти, но никаде не се споменати медицинските сестри како клучна алка при подобрувањето на здравствените услуги.
„Срамота е што сестринската фела е повторно ставена на маргините во нашето општество. На сите наши обраќања и достоинствени барања за нашите права институциите се обидуваат да не изманипулираат и само да ги одолговлечат процесите кои треба да ги превземат. Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции за покачување на платите, за едукации, за признавање на нашето образование, за нашите специјализации. А основната причина за сето ова е непостоењето на закон за нашата професија.“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС.
 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести