Почитувани членови Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден во Куманово беше одбележан Светскиот ден на акушерките.
На настанот присуствуваа голем број членови на ЗМСТАС - ЗА НАС како и членовите на извршниот одбор.
Со поздравен говор се обрати и сестра Горданка Бешлиовска, претседателот на Унијата на ЗМСТАС испраќајќи срдечни честитки за самиот настан и воопшто одбележувањето на меѓународната недела на сестринството.
По завршувањето на официјалниот ден настанот беше посветен и на презентирање на стручни трудови на теми посветени на акушерството во Република Северна Македонија.