ПРВ СИМПОЗИУМ: ФОРМИРИРАНО ДРУШТВО НА ПАТРОНАЖНИ СЕСТРИ НА МАКЕДОНИЈА

Почитувани членови, на 28ми февруари се одржа првиот СИМПОЗИУМ НА ПАТРОНАЖНИ СЕСТРИ во организација на Унијата на здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки и сестри - ЗА НАС.

Домаќин на настанот беше Здравствениот Дом од Прилеп со поддршка од фармацевтската компанија „ЗЕГИН“ која веќе 30 години се грижи за нашето здравје.
 
Градоначалникот на градот Прилеп - Прим. Др. Илија Јовановски
Големиот број на гости меѓу кои градоначалникот на градот Прилеп - Прим. Др. Илија Јовановски; претседателот на советот на град Прилеп - Миле Талески; Раководителот на Фондот за здравство во Прилеп - Кристијан Пиличев; директорот на ОБ Прилеп - Др. Драган Богоевски; директорите на ЗД Виница - Др. Венко Дончев, на ЗД Прилеп - Др. Оливера Аџиовска; директорот на СМУ „Ѓорче Петров“ - Проф. Страшо Ѓорѓиевски; преставник од Високата медицинска школа - Проф. Ленче Мирковска; преставник на фондацијата „Др. Димитар Котевски“ - Добре Тодоровски; преставници на здруженијата на пациенти меѓу кои „Нефрон“, „Раст“, „Здружение на инвалиди“... и сите главни сестри од сите организациони единици од целата република покажаа колку е значаен овој настан давајќи им неизмерна поддршка на патронажните сестри.
 
Симпозиумот го отвори претседателот на Унијата, сестра Горданка Бешлиовска, која повторно ја потенцираше единственоста и сплотеноста на здружението како најсилна карактеристика, додавајќи дека формирањето на едно вакво друштво ќе овозможи уште поголема професионалност, информираност и компактност на патронажните сестри.
Во програмскиот дел беа презентирани трудови на теми поврзани со историјатот, програмата и совети за патронажните сестри и корисниците на нивните услуги:
1. „ПАТРОНАЖНА ДЕЈНОСТ ВО РМ: 30 ГОДИНИ ПО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА ОД БИВАЛЕНТНА ВО ПОЛИВАЛЕНТНА И 15 ГОДИНИ ОД ПРОЕКТОТ НА СЗО И УНИЦЕФ“
- Патронажна сестра Мирјана Трајановска (Здравствен дом - Скопје)
 
2. „ДРУШТВО НА ПАТРОНАЖНИ СЕСТРИ – ИНИЦИЈАТИВА, ПРОЦЕС И ОДЛУКА ЗА ФОРМИРАЊЕ“
- Дип. мед. тех. Станка Арсовска (Здравствен дом - Неготино)
 
 
 
3. „ПРОФИЛ НА СОВРЕМЕНА ПАТРОНАЖНА СЕСТРА“
- Дип. мед. тех. Јулијана Маџовска (Здравствен дом - Скопје)
 
 
 
 
4. „ГРИЖАТА ЗА ДОЕНЧЕТО И МАЈКАТА ОД ПРВИОТ ДЕН ПО РАЃАЊЕТО“
- Др. Даниела Гиевска (ЗЕГИН)
 
 
 
 
ЛОГО НА ДРУШТВОТО НА ПАТРОНАЖНИ СЕСТРИ 
ПРИ ЗМСТАС - ЗА НАС
 
 

 

 

ГАЛЕРИЈА:

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми / Дизајн и мултимедиа
media@zanas.mk
+38970406932

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести