ПРВ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА КАРДИОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС - ЗА НАС

Почитувани членови Ве известуваме дека на 28ми март 2019та година се формираше Друштвото на кардиолошки сестри при ЗМСТАС - ЗА НАС и се одржа првиот Симпозиум на кардиолошките сестри во Република Северна Македонија.
 
Милка Карајановска, главна сестра на ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“
Симпозиумот го отвори главната сестра на ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ од Скопје, сестра Милка Карајановска, како домаќин на овој настан.
 
 
 
 
Д-р
При формирањето на друштвото присуствуваа голем број медицински сестри од цела Македонија, доктори, здруженија на пациенти, соработници, медиуми и поддржувачи на сестринската фела.
 
ДРУШТВО НА КАРДИОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС - ЗАНАС
Лого
Претседателот на Унијата на ЗМСТАС при ЗМСТАС - ЗА НАС, сестра Горданка Бешлиовска во свој манир ги поздрави присутните гости, посакувајќи уште многу стручни собири и потенцирајќи ја потребата од сплотеност и еднаквост, каква што сестринската фела последниве две години од формирањето на здружението „За нас“ и ја има:
 
сестра Горданка Бешлиовска
„Ние медицинските сестри можеби не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите. Оваа година на дневен ред ни се формирањата на друштвата во склоп на здружението и првите стручни собири односно симпозиуми. Започнавме со Друштвото на патронажните сестри, денеска го формираме Друштвото на кардилошки сестри, следуваат друштвата на стоматолошките, на сестрите од ургентната медицина и така понатаму. Ова е само еден сегмент во кој се трудиме покрај борбата за Закон на сестринството и основните работни права да не ја заборавиме и потребата од константно унапредување на нашиот квалитет преку стручни едукации.“
ГАЛЕРИЈА
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Детска градинка „Мајски Цвет“
Настанот беше збогатен и со музички перформанс на дечињата од скопската градинка „Мајски цвет“.
 
 





 
ПРЕЗЕНТАЦИИ:
„Амбулантско згрижување на пациент со АКС во Жан Митрев Клиника“
мед.тех. Катерина Кацарева; мед.тех.  Бети Игнатова
 
„Ергоспирометрија – дијагностичка процедура за рана детекција и превенција од ненадејна срцева смрт кај спортисти“
дип.мед.тех. Виолета Чочовска
 
„Прием на пациент за хируршки зафат“
мед.тех. Светле Ончева
 
„Приказ на случај со повеќе коморбидитети“
мед.тех. Весна Станчевска
 
„Специфични интервенти процедури во ангиографска сала“
мед.тех. Соња Русевска
 
„Третман и нега на пациент пред и после акутен инфаркт на миокард“
мед.тех. Весна Марчевска
 
Подготовка на трансрадијална пункција и хемостаза после интервенција
мед.тех. Дивна Данкова
 
„Белодробен едем“
мед.тех. Сања Ристевска; мед.тех. Ана Лалевска
 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести