Почитувани членови Ве известуваме дека на 05ти април 2019та година во Клиничкиот стоматолошки центар „Св.Пантелејмон“ во Скопје се одржа првиот Симпозиум на стоматолошки сестри на тема: ЕДУКАЦИЈА ЗА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ.
Настанот го отвори деканот на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. Д-р Ќиро Ивановски.
Свое излагање имаше и иницијаторот и основачот на ова движење, сестра Горданка Бешлиовска која воедно е и претседател на Унијата на ЗМСТАС односно ЗМСАТС -ЗА НАС:
„Стоматолошките сестри конечно го добија својот глас во сестринската фела. За прв пат се препознаени како посебна гранка во нашето здружение, а сега и со формирањето на првото друштво на стоматолошки сестри ќе имаат можност да ги зајакнат колегијалните односи и да ги унапредат своите едукации.“
Во име на понатамошна добра соработка помеѓу здружението и Стоматолошкиот факултет од Скопје беше склучен и МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.
Со свој говор присутните гости ги поздрави и сестра Хамиде Љатифи, координатор на Друштвото на стоматолошки сестри.
ДРУШТВО НА СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ
ПРИ ЗМСТАС - ЗА НАС
П Р О Г Р А М А - СИМПОЗИУМ НА СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ:
1. „Чувари на простор“
– Ариета Незири
2. „Ортодонска припрема на пациенти за хируршки третман на прогенија“
– Александра Трајкоска
3. „Вертикални неправилности во оклузија“
– Елвира Колашинац
4. „Припрема на Мерилед маст во прететиката“
– Хибе Исмаиљи
5. „Сонот на блескавата насмевка“
– Јаворка Стевановиќ Димоска
ГАЛЕРИЈА
Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми / Дизајн и мултимедиа
media@zanas.mk
+38970406932