Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС најостро го осудува нападот на медицинската сестра кој вчера вечер се случи во поликлиниката во Драчево.
"Ова не е прв пат медицинските сестри да бидат изложени на напади. За жал, сметаме дека голема улога има и тоа што се уште немаме Закон за нашата дејност.
До кога треба да се чека да се променат работите во нашата држава?
Се чини дека дискутираме само тогаш кога ќе се случат немили настани како овој.
Недопустливо е да се дозволи сестринската фела да биде изложена на нехуманост. Апелираме до надлежните, особено до Министерството за здравство да ги превземат сите потребни активности за разрешување на случајот, но и пронаоѓање соодветно решение да не се повторуваат истите дејствија. " – реагираат од извршниот одбор на Унијата предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС.