ПРИСТАПНИЦА
КАКО ДА СТАНАМ ЧЛЕН НА ЗМСТАС „ЗА НАС“?!

Почитувани, за да бидете член на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ потребно е да ја превземете (испринтате) пристапницата, соодветно да ја пополните и да доставите еден примерок од истата до администрацијата на здружението и втор примерок до секторот за финансии во вашата установа. (Финансиската согласност ja доставувате во установата во којашто сте вработени.)

Доколку станува збор за невработено лице или пак лице кое е вработено во приватен сектор, предлагаме пополнување на пристапницата и уплаќање на годишна членарина (720 денари) на официјалната жиро-сметка на здружението: 
250010301995109 Шпаркасе банка


Примерокот до здружението со назнака АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЧЛЕНСТВО можете да го испратите

по пат на скенирање и испраќање на соодветниот документ на официјалната електронска пошта: zanas.zmsta@gmail.com,

или со испраќање на документот на адресата на канцеларијата на здружението: улица 11ти Октомври број 17/1/2 ЗСП - Скопје,

или пак преку фотографија која ќе ја испратите на viber (
+389 70 40 69 27).


За сите подетални информации ќе ве замолиме да го исконтактирате нашето лице за администрација и комуникација со членовите.